Пендаровски се сретна со својата прва учителка


Емотивна средба имаше Претседателот на државата Стево Пендаровски со својата прва учителка. Тој за средбата со учителката Борка Палифровска напиша на Фејсбук.

„Емотивна средба со мојата прва учителка Борка Палифровска. Се потсетивме на првите лекции и ученици, а 83-годишната Борка се сеќава на сите нас, по име и по презиме. Уште поголемо изненадување за мене беа црно – белите фотографии коишто ги чува за спомен, стари повеќе од 40 години. Ми раскажа дека веќе 25 години е во пензија, а времето го поминува покрај со читање и со своите деца и внуци. Борка е доказ дека првите учетелки ги памтиме доживотно. Покрај преубавите спомени, ме испрати и со малку грозје од нејзиниот двор. Ѝ посакувам долг век и пак да се видиме за некоја година да поразговараме“, напиша Пендаровски на Фејсбук.

 

https://www.facebook.com/SPendarovski/posts/2898647100148736