Пендаровски прими делегација на Уставниот суд на Бугарија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Уставниот суд на Република Бугарија, што престојува во посета на Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Пендаровски, како што неговиот кабинет, бил запознаен со тековната работа и надлежностите на Уставниот суд на Република Бугарија, како и соработката со Уставниот суд на Република Северна Македонија.

Претседателот Пендаровски го поздравил партнерството и соработката меѓу уставните судови на двете држави, кое се развива во духот на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија.

На средбата, на која присуствувале претседателите на Уставниот суд на Република Северна Македонија, Никола Ивановски и на Уставниот суд на Република Бугарија, Борис Велчев, како и членови и советници на Кабинетот на Претседателот, била истакната важноста од штитење на уставноста и законитоста, како еден од темелните принципи на Европската Унија.

Претседателот Пендаровски изразил очекување дека соработката и размената на искуства меѓу уставните судови на двете држави ќе продолжи и во иднина, како пример за продлабочување на односите и соработката и во други сфери од заеднички интерес на двете држави.