Пендаровски прецизира: За втор мандат ќе се произнесам кога ќе дојде време


 

Претседателот на државата, Стево Пендаровски, попладнево објасни на што се однесувал неговиот одговор  дека не размислува дали повторно ќе се кандидра за втор мандат. Тој во изјава за новинарите рече дека во овие траорни времиња не е момент да се зборува за втор мандат.

„Прашањето на вашата колешка беше дали размислувам за втор мандат. Јас реков дека не размислувам и право да ви кажам не знам кој нормален човек, граѓанин на нашава Македонија или политичар најмалку, би можел во вакви траорни времиња низ кои поминуваме да размислува за власт, за избори, за мандати. Изборите се догодина, закажани за април и за мај, имаме доволно време после Нова година да размислуваме за тие работи. Меѓутоа во овој момент моите мисли се насочени  само кон семејствата на настраданите и, се разбира, во рамките на мојата функција да го изработам до крај мандатот, во согласност со потребите на граѓаните кои ми ја дадоа честа да ја водам државата пред четири и пол години“, рече претседателот Пендаровски.