Пендаровски повикува на брза и сеопфатна истрага за пожарот во Универзална сала


Фото: Б. Грданоски

 

Актуелниот претседател и кандидат за резибор, Стево Пендаровски, изрази жалење за денешниот пожар што ја зафати Универзална сала во Скопје и повикува на брза реакција на надлежните институции.

„Мора да се спроведе соодветна истрага, да се лоцираат и да се санкционираат сите кои се одговорни за уништувањето на овој значаен објект“, вели Пендаровски.

Тој наведува дека во следниот мандат ќе се заложи во најкус можен рок да биде обновен еден од симболите на Скопје, објект врежан во колективната меморија на десетици генерации скопјани.