Пендаровски одбил да ја помилува Катица Јанева
Катица јанева, шефицата на поранешното Специјално јавно обвинителство, поднела барање за помилување до претседателот Стево пендаровски, но тој го одбил , соопштуваат од неговиот кабинет.
„Исто така и Комисијата за помилување, којашто е помошно работно тело во Кабинетот на претседателот даде негативно мислење по барањето за помилување на Катица Јанева“, се вели во соопштението.
Барања за помилување имале и поранешниот претседател на Кривичниот суд Владимир Панчевски, како и бизнисменот Сеад Кочан.
Јанева беше осудена на седум години затвор поради нејзината вмешаност во корупција во случајот „Рекет“. Панчевски одлежува 2,5-годишна казна за злоупотреба на службената положба. Тој е во затвор од февруари 2022.
Бизнисменот Сеад Кочан, се наоѓа во затворот Идризово од август 2019 година, по пресудата за случајот „Труст“ на СЈО, во кој беше обвинет за злоупотреба при постапка за јавни набавки. Тој е осуден на 4,8 години затвор.