Пендаровски очекува Македонија да започне преговори со ЕУ за време на претседавањето на Хрватска


Претседателот Стево Пендаровски изјави дека очекува Северна Македонија да започне пристапни преговори со ЕУ во првите шест месеци од идната година.

Тогаш со Унијата ќе претседава Хрватска.

Пендаровски тоа го истакан примајќи го акредитивното писмо на новата амбасадорка на Хрватска Нивес Тигањ, соопштија од кабинетот на претседателот.

Со почнувањето на пристапните преговори за време на мандатот на Хрватска „ќе го потврдиме нашето пријателство и соработката, особено во овој значаен период за нашата држава, но верувам и регионот, како и за ЕУ“, изјави Пендаровски.

Нивес Тигањ истакна дека, во рамки на политиката на Хрватска, секогаш ќе го истакнува досегашниот напредок на Северна Македонија и ќе ги поддржува нејзините реформи.

„Постои голем потенција овие две земји и понатаму да ги унапредуваат билатералните односи“, изјави амбасадорката, истакнувајќи го стопанството, особено туризмот.