Пендаровски не го коментира тврдењето на Заев дека е неискусен

Манчевски со претседателот Пендаровски на неговата изложба на фотографии во МСУ. во октомври, годинава

Претседателот Стево Пендаровски не сака да ја коментира изјавата на премиерот Зоран Заев во која го нарече „не толку искусен политичар, како што е Зоран Заев“, дадена во интервју за бугарската агенција БГНЕС.

Пендаровски на 20 ноември оцени дека „актуелната бугарската политика, власт или опозиција нема излезено од матрицата на живковизмот“..

-Пендаровски не е толку искусен политичар како што е Зоран Заев. Бугарија не е фашизам туку наш пријател, Југославија не држеше разделени, вели Заев во интервјуто што одекна како бомба во јавноста.

-Верувајте, претседателот Пендаровски е пријател на Бугарија. Не е толку искусен политичар, како што е Зоран Заев. Нормално, затоа што работел со нашите претседатели Борис Трајковски и Бранко Црвенковски, беше национален координатор за НАТО во мојата влада. Тој е сериозен општественик и е ангажиран целосно на пријателството со нашите соседи и со Република Бугарија и секако на нашата интеграцијата во НАТО и ЕУ. Некој пат, верувам дека и јас, не само тој, не сме доволно внимателни со зборовите. Ви кажувам отворено, дека во неговата душа и неговиот памет е комплетно желбата и сонот за големо пријателство, кое го имаме, но треба да го доизградиме и тој е голем поддржувач на договорот помеѓу Северна Македонија и Бугарија“, му одговори Заев на бугарскиот новинар.