Пендаровски на Светскиот лидерски самит за климатски промени во Глазгов


Фото: Б. Грданоски

Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре во Глазгов ќе учествува на Светскиот лидерски самит во рамки на Конференцијата за климатски промени на Обединетите Нации (COP26).

Претседателот Пендаровски ќе присуствува на отворањето на самитот и ќе се обрати на пленарната сесија на собирот, а ќе присуствува и на приемот што за лидерите учесници на самитот ќе го приреди премиерот на Обединетото Кралство, Борис Џонсон, соопшти кабинетот на шеофт на државата.

Пендаровски ќе присуствува и на настанот со кој ќе се означи почетокот на глобалната заложба за метан, како иницијатива на претседателот на САД, Џозеф Бајден и претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лејен, како и на лидерскиот настан „Акција и солидарност – критичната деценија“, во организација на британскиот премиер Борис Џонсон.

За време на престојот, претседателот Пендаровски во Единбург ќе има средба со македонски студенти во Шкотска, стипендисти на Министерството за образование и наука и програмата Чивнинг.