Пендаровски на лежерна средба со млади гостиварци
Денеска, во рамките на кампањата, претседателскиот кандидат Стево пендаровски беше во Гостивар каде имаше средба со млади жители од овој крај и разговор со шолја кафе. Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски денеска се сретна и поразговара со група млади луѓе во Гостивар.
Зборувајќи за досегашната работа како претседател, Пендаровски истакна дека младите секогаш имале клучно место во неговата програма, ги вреднувал и наградувал талентираните поединци, притоа поттикнувајќи ги да продолжат да творат и да се надоградуваат како личности и како професионалци.
„Ако сакаме младите да бидат двигатели на позитивните промени во општеството, мора да создадеме услови за нивен личен и професионален развој. Младите знаат дека бев и дека секогаш ќе бидам нивен сојузник и дека бројот 1 им гарантира просперитетна иднина дома, во татковина која ќе се развива по европски стандарди и вредности“, рече Пендаровски.