Пендаровски на Анталија дипломатскиот форум повика на повеќе соработка и поголема солидарност
Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на лидерскиот панел на тема: „Како можеме да ја зајакнеме регионалната солидарност во поглед на научените лекции?“, во рамки на неговото учество на Анталија дипломатскиот форум, што се одржа на тема: „Иновативна дипломатија: нова ера, нови пристапи“, соопштија од неговиот Кабинет.
Претседателот Пендаровски се осврна на состојбата предизвикана од Ковид-19 во земјите од Западен Балкан, истакнувајќи дека сите бевме сведоци како би изгледала нашата реалност доколку секоја земја остане сама и доколку сите механизми за соработка развиени во минатото, бидат целосно или делумно напуштени.
Меѓу другото, претседателот истакна дека пандемијата покрај девастирачкиот ефект врз начинот на живот, покажа и дека повеќе соработка и поголема солидарност значи полесно справување со проблемите и тешкотиите.