Пендаровски му кажал на Борел дека ЕУ треба да направи исчекор
Претседателот Стево Пендаровски, во рамки на работната посета на Турција, денеска оствари средба шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел. На средбата, како што наведува кабинетот на претседателот се разговарало за актуелните состојби поврзани со европските аспирации на Македонија, како и за напредокот во клучните области.
Пендаровски му кажал на Борел дека Македонија очекува Европската унија да ги валоризира севкупните напори на државата и да биде направен исчекор во однос на почетокот на пристапите преговори за членство, во интерес на стабилноста, безбедноста и просперитетот на целиот регион. Борел и Пендаровски зборувале за предлогот на португалското претседателство за решавање на спорот меѓу Софија и Скопје, а разговарале за односите меѓу двете земји и за претстојниот Совет за општи работи на Унијата.