Пендаровски-Касами: Политичките субјекти да се насочат кон остварување на стратешките цели

Сите политички субјекти, и од власта, и од опозицијата, да го насочат своето делување во интерес на остварувањето на стратешките цели на Република Северна Македонија – членството во Европската Унија и во НАТО, како важен предуслов за стабилна, просперитетна и развиена држава.

Ова било истакнато денеска на средбата меѓу претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, и лидетот на политичката партија Движење Беса, Билал Касами.

– Сите релевантни политички субјекти во Република Северна Македонија во периодот што претстои треба да демонстрираат одговорност и да го дадат својот придонес во исполнувањето на реформската агенда, која е во интерес на граѓаните, истакна претседателот Пендаровски на средбата.

Претседателот на Движењето Беса, Касами, како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, упати честитки до претседателот по повод стапувањето на функцијата и му посака успех во работата.