Пендаровски ја почнува кампањата од Прилеп
Претседателот на државата ја почнува утре кампањата за втор мандат со вечерен митинг во Прилеп во 20 часот.
Претходно Пендаровски ќе ги посети Кривогаштани во 17,30 и Крушево во 18,30 часот.
В петок, 5 април, Пендаровски ќе ги посети општините Карбинци и Пробиштип, а централен митинг ќе се одржи во Штип со почеток во 20 часот.
Пендаровски в сабота на 6 април ќе биде со граѓаните на Македонски Брод, а централниот митинг ќе се одржи во Кичево во 20часот.
В недела, 7 април, караванот на Пендаровски ќе биде меѓу граѓаните на Дебрца, Вевчани, Струга со централен настан во Охрид од 20 часот.
Во понеделник, 8 април, ќе се одржат митинзи во скопските општини Кисела Вода и Аеродром.