Пендаровски ја одложи средбата со претставниците на Македонците во Бугарија. Причина – пандемијата
Одложувањето на посетата веројатно има врска со доаѓањето на премиерот Кирил Петков во Скопје

Во очигледен обид да не се напрегне ситуацијата пред посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков идната недела на Скопје, претседателот Стево Пендаровски ја одложи на неодредено време средбата со претставниците на здруженијата на Македонците од Бугарија. Причината за одложувањето била пандемијата на корона вирусот. Иако, на пример, пандемијата не беше причина за да се одложи по посетата на албанскиот претседател Илир Мета на Скопје пред неколку дена.
Претседателот Пендаровски соопшти пред два дена дека ќе прими делегации на две македонски здруженија од Бугарија, ОМО „Илинден-Пирин“ и ОМО „Илинден“, на нивно барање. Во барањето за средба (којашто ќе се одржи во најбрз можен рок, рече тогаш Пендаровски) тие ја споменуваат средбата на Радев со претставници на бугарските здруженија во Македонија (и една партија). Судот во Стразбур донесе 16 пресуди во корист на двете македонски здруженија, но ниту една од нив Софија досега не ги спровела.
Според она што го објави сајтот „НоваТВ“ на средбата кај Пендаровски треба дојдат осумина претставници од македонските здруженија од Благоевград, Гоце Делчев, Сандански.
Според она што се навестува, оваа средба кај Пендаровски би требало да се одржи по посетата на Петков и по одржувањето на заедничката седница на македонската и бугарската влада во Софија на 25 јануари.