Пендаровски и Заев упатија честитки до Бајден
Претседателот на државата и премиерот, Стево Пендаровски и Зоран Заев, веднаш по инаугурацијата упатија честитки до новиот американски претседател Џо Бајден, како и до потпретседателката Камала Харис.
„Честитки до новиот американски претседател Џо Бајден. САД се наш стратешки партнер кои секогаш ја поддржувале демократијата во земјава и нашите евро-атлантски интеграции“, напиша на Фејсбук претседателот Пендаровски.
Заев во честитката на Фејсбук напиша:
„Претседателе Бајден, се радувам на времето пред нас во кое верувам дека ќе го продлабочиме сојузништвото меѓу Северна Македонија и САД, како и блиските врски и пријателството меѓу нашите граѓани“.