Пендаровски го потпиша Законот за попис
По неколкудневно консултирање со правни експерти претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша указот за прогласување на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Северна Македонија, 2021 година.
Претседателот Пендаровски очекува процесот на спроведување на пописот да не се политизира, а добиените податоци да бидат од корист за севкупниот развој, со што ќе се овозможи формулирање на долгорочни стратегии во виталните области во државата, се вели во соопштението од неговиот кабинет.
Со тоа заврши легислативната фаза на пописот, а сега по неговото потпишување во „Службен весник“ треба да се објави и методологијата која ќе се користи при потпишувањето. Опозицијата жестоко го критикуваше предложениот закон, велејќи дека тоа ќе биде политичка операција а не статистичка, па дури почна да собира и потписи за ногово отповикување. Владините партнери, заедно со дриректорот на Државниот завод за статистика уверуваат дека тоа ќе биде токму спротивното – статистичка операција која ѝ е неопходна на македонија 19 години по последниот попис.