Пендаровски го потпиша указот за изградба на коридорите


Фото: Б. Грданоски

Уште не стигна барањето на Антикорупциската комисија до претседателот да не го потпишува законот со кој ќе се номинира стратешки партнер за изградба на неколку делници од Коридорот 8, од кабинетот на Стево Пендаровски објавија дека шефот на државата веќе го потпишал указот.

Во кусото соопштение се наведува дека законот е донесен со потребното мнозинство и притоа ниту еден пратеник, или пратеничка група не гласале против.

„Сите институции и поединци кои имаат сомневања во однос на уставноста на Законот, можат да се обратат до Уставниот суд кој е единствена надлежна институција за оценка на уставноста на законите и другите општи акти“, се вели во соопштението. 

Овој закон се однесува на утврдување јавен интерес и номинирање на стратешки партнер за изградба на делниците Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан, како и на делницата од автопатот Прилеп 0 Битола од Коридорот 10.

Антикорупциска претходно изјави дека законот е во сериозен судир со Уставот и ако Пендаровски го потпише указот тие ќе го оспорат пред Уставниот суд.