Пендаровски бара итна истрага за бегството на Мијалков
Претседателот на државата, Стево Пендаровски, побара истрага во најкус можен рок за тоа како се случило бегството на Сашо Мијалков и целосно расветлување на случајот, и доколку има пропусти од надлежните институции да се понесе одговорност.
„Вакви случувања се неприфатливи за земја која очекува да започне преговори за членство во Европската унија и која напорно работи на реформирање на правосудниот систем и градење доверба во правната држава. Ова ги дискредитира напорите и надежите за справување со криминалот и високата корупција“, вели Пендаровски.
Тој нагласува дека институциите треба да ги преземат сите мерки за да биде спроведено решението за куќен притвор на поранешниот директор на УБК.
„Граѓаните бараат одговорност и кривична и морална. Борбата за правна држава значи секој кој се огрешил пред законот да биде казнет“, нагласува претседателот Пендаровски.