Пендаровски: Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам да не биде македонски, тогаш не ни треба ЕУ


Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, истакна претседателот Стево коментирајќи ја изјавата на Бугарија приложена кон заклучоците од Советот за општи работи на ЕУ.

-Ако цената е да не бидеме Македонци и јазикот што го зборувам, да не биде македонски јазик, тогаш не ни треба ЕУ, вели Пендаровски во интервјуто за емисијата „360 степени“ кое ќе се прикажува вечерва на ТВ Алсат.

Шефот на државата одговара и на прашања за најавената лидерска средба, изборите и вонредната состојба. Тема се и безбедносните закани за земјава и состојбите во Агенцијата за разузнавање.

За лидерската вели дека во телефонски разговори потврди за присуство добил од лидерите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, Зоран Заев и Христијан Мицкоски, а во редовна комуникација е и со албанските политички партии. Лидерската, додава тој, би се одржала меѓу 10, 11 и 12 мај.