Пелоси: Маските ќе бидат задолжителни во Претставничкиот дом


САД – Претседателката на Претставничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси најави дека членовите и вработените ќе мора да носат заштитни маски за време на пандемијата со новио коронавирус.

На членовите на Претставничкиот дом ќе им биде дозволено да ги тргнат маските за време на обраќањето.

Во САД над 4,5 милиони луѓе се заразени со Ковид-19, од кои починале 150.0000 лица.