Пекол во Иран: Температурата достигна неверојатни 50 степени, еден почина


Во градовите Зехек и Хирманд во иранската провинција Систан-Балучистан измерени се 50 степени Целзиусови.

Според иранската официјална агенција ИРНА, генералниот директор за метеорологија на Систан-Балучистан, Мухсин Хајдари, изјави дека градовите Зехек и Хирманд се најтопли во земјата со температури до 50 степени.

Хајдари истакна дека температурата на воздухот ќе опадне од понеделник со засилување на ветерот.

Тој ги предупреди граѓаните да не излегуваат непотребно на отворено и да избегнуваат сообраќај кога е намалена видливоста.

Генералниот директор за управување со вонредни состојби во Систан-Балучистан, Маџид Мохиби, исто така објави дека повеќе од илјада луѓе се префрлени во болници и медицински центри поради прашината што ја носи невремето во градовите Забул, Зехек, Хамун, Хирманд и Нимруз.

Тој потврди дека едно лице починало.