Пекинг порача дека Игрите се безбедни за спортистите и публиката


Кина – Пекинг од петок, 4 февруари до 20 декември ќе биде во центарот на спортската јавност како домаќин на Зимските олимписки игри, но Американците стравуваат од кибернетски напади на мобилните телефони на натпреварувачите.

ФБИ ги предупреди сите 3000 гледачи дека би требало мобилните телефони да ги остават дома и во Пекинг да користат привремени уреди, пишува Би-би-си.

Компанијата „Ситизен Лаб“ која се занимава со интернет безбедност, откри дека службената апликација за Олиписките игри која учесниците и навивачите на Игрите треба да ја имаат поради корона протоколите, не е безбедна кога станува збор за заштита на личните податоци и документи во уредите.

Официјален Пекинг веднаш ги отфрли сите обвинувања и порача дека Зимските Олимписки игри за чија организација потроши 3.5 милијарди евра, се безбедни за спортистите и гледачите.

Во исто време, организациите за човекови права го поддржаа дипломатскиот бојкот на одредени земји поради третманот кој го имаат Ујгурите во Кина. САД, Канада, Австралија и Обединетото Кралство нема да испратат дипломатски претставници во Пекинг на свечената церемонија за отворање на Игрите.

Нашата земја ќе ја претставуваат нордијците Ставре Јада и Ана Цветановска, како и скијачот Дардан Дехари. 

Распоредот на настапи на нашиот олимпијци:

– Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари).

– Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари).

– Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Олимпискиот факел утрово тргна по скратена рута до местото каде што ќе се запали олимпискиот оган што ќе значи старт на ЗОИ2022.