Педро Санчез на 29 јули на турнеја низ Западен Балкан
Шпанскиот премиер Педро Санчез на крајот на неделата ќе ја започне турнејата низ Западен Балкан.Како што пренесуваат шпанските медиуми, Санчез ќе дојде во посета на Западен Балкан со цел да го „реактивира, заживее и ревитализира процесот на проширување“ на ЕУ кон тој регион.
Од 29 јули до 1 август Санчез ќе ги посети Белград, Сараево и Мостар, Подгорица и Тирана, пишуваат медиумите.
Санчез се заложи за реактивирање, заживување и ревитализација на процесот на проширување на состанокот на лидерите на ЕУ на крајот на јуни во Брисел.