Пецаков верува во изјавите на Боки 13


Кирил Пецаков, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, изјави денес дека според она што се слушнало на судењето за случајот „Рекет“, лидерот на СДСМ Зоран Заев ги наместил изборите во Охрид.

-Бојан Јовановски вели ,цитирам: „Заев со Кичеец зборуваа за местење на избори во Охрид, а Кичеец имаше своја паравојска“.Од ова тврдење може да се заклучи дека Костантин Георгиески победил на наместени избори, зад кои стоел токму Заев со помошта на паравојската на осудениот за „Рекет“, Зоки Кичеец кој пак во меѓувреме беше ослободен од домашен притвор. Во прилог е и тоа што средбата помеѓу Бојан и Заев е на 3-ти април, на самиот старт од официјалниот почеток на изборната кампања за предвремените локални избори во Охрид, кои се одржаа пак на 21 април.          Оттука итно и неодложно бараме МВР и Обвинителството да спроведе темелна истрага за локалните избори за кои се тврди дека се местени од Зоран Заев. Второ, бараме одговори од Константин Георгиески и доколку постои вмешаност, негова одговорност и секако оставка. И трето, врз основа на тоа како ќе се одвива истрагата, а понатаму и судбината на тој процес ќе бараме ревизија на сите одлуки на градоначалникот кој според тврдењето на Заев, кое го пренесува првообвинетиот Бојан Јовановски, победил на наместени избори со паравојската на Зоки Кичеец, порача денес Пецаков.