Павлопулос повикува на внимание за Европа да не стане повторно мрачен континент


Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска повика на внимателност во одбраната на социјалната правда и солидарност, така што Европа никогаш повторно да не биде „мрачен континент” како резултат на силите на нацизмот и фашизмот.

Нацистичките и фашистичките формации, како и другите популистички сили, кои исто така ја загрозуваат парламентарната демократија, кои се во пораст во разни земји-членки на ЕУ, се причина за загриженост, предупреди грчкиот претседател.

Фактот дека нивниот замав малку забави на последните европски избори е позитивна работа, вели Павлопулос, и вели дека главната цел е да се искоренат причините што доведоа до оживување на овие „остатоци“, кои го враќаат кошмарот од Втората светска војна.

Тој уште потенцира дека Грција е мирољубива земја, која верува во пријателство и добрососедство, под услов целосно почитување на меѓународното и европското право.