Павлопулос: Имаме обврска да ја одбраниме демократијата и во Грција и во Европската Унија


Грција-На претстојните евроизбори, имаме обврска да ја одбраниме демократијата, како во нашата земја, така и во нашето големо европско семејство, вели претседателот на Грција Прокопис Павлопулос во пораката по повод 52-годишнината од државниот удар во Грција на 21 април 1967.

Грчкиот претседател изјави дека седумгодишната диктатура што следеше по пучот, треба да остане трајно запечатена во историските сеќавања и да биде поука.

-Особено во пресрет на клучните претстојни евроизбори, ние, Грците, целосно свесни за последиците од ова мрачно минато, имаме обврска да ја одбраниме демократијата, како во нашата земја, така и во нашето големо европско семејство, Европската Унија, со нашиот глас да подигнеме „ѕид“ на отпор за кој не се преговара, против сите оние кои, директно и отворено, заговараат против демократски институции во целина и како и против европската структура, порачува Павлопулос.

На 21 април 1967 со државен удар стигнаа на власт, со што започна воената хунта во Грција што траеше седум години.