Павлопулос: Европа нема повторно да биде мрачен континент

Greek President Prokopis Pavlopoulos speaks during a press conference after talks with his Serbian counterpart Aleksandar Vucic at the Serbia Palace, in Belgrade, Serbia, Monday, Oct. 2, 2017. Pavlopoulos is on a two-day official visit to Serbia. (AP Photo/Darko Vojinovic)

Грчкиот претседател Прокопис Павлопулос денеска изјави дека е потребна добра соработка меѓу сите членки на ЕУ, за да се справат заедно со  фобичните синдроми и однесувања, кои се граничат со расизмот.

-Никому нема да му дозволиме повторно да ја направи Европа мрачен континент, рече Павлопулос на отворањето на музејот на грчката револуција во Амфиса.

Според него, Европа ќе остане бастион на демократијата и ќе се фати во коштец со нееднаквостите, кои „родиле или развиле екстремен политички став на популизам, кој директно го поткопува европското семејство”.