Павлески: Странските и домашните компании се подеднакво важни


Сакаме соработка помеѓу странските и домашните компании, да го поттикнеме извозот и да го нагласиме брендирањето на производите како многу битно за присуство на странските пазари, изјави директорот на Агенцијата за странски инвестиции Дејан Павлески при денешната посета компаниите „Гурмано“ од Кривогаштани и прехранбената индустрија „Витамика“ од Прилеп.

-Целта е да се запознаеме со активностите на компаниите како течат производствените процеси, но многу ни е битно како се одвива извозот, кој ни е исклучително важен сегмент за развојот на македонската економија. Ова се две важни компании, особено „Витаминка“ која е мотор на развојот на економијата во Пелагонискиот регион. За нас е исклучително важно нивното добро функционирање. Агенцијата и Владата ја поддржуваат Витаминка, се надевам во иднина и „Гурмано“, зашто нивните идеи се многу да се развиваат во наредниот период, да освојуваат нови пазари,изјави Павлески.

Разменивме, посочи, искуства, особено како течеше оваа година и со какви проблеми се соочија. Може да кажам дека и двете компании успешно се справуваат со проблемите, како поттик и за другите компании да се охрабрат на странските пазари.

Бренирањето, како што рече, е исклучително важно за додавање нова вредност, Се развива сопствен бренд кај компаниите. Дискутиравме како поорганизирано во иднина да настапуваме и се надевам на успешна соработка.

– Може да кажам дека оваа година не е лоша за странските инвестиции, имајќи ја предвид пандемијата. Информациите се дека имаме инвестиции, особено реинвестиции, што нѐ радува и се надеваме дека наредната година ќе биде поуспешна. Според официјалните податоци и според Народна банка, до шести месец годинава имавме околу 120 милиона евра странски директни инвестиции. Според Законот за финансиска поддршка на инвестициите, за состојбата во 2019 година, Владата ќе исплати субвенции за над 100 милина евра, претежно, домашни инвестиции. Со тоа и со оглед на ситуацијата годинава, може да кажеме дека сме задоволни. Нам подеднакво ни се битни како странските, така и домашните инвестиции, соработката помеѓу странските и домашните компании,  Многу ќе ни значи таа соработка и поттикнувањето на брендирањето, рече Павлевски.

За извозните компании, додаде, првите шест месеци беа тешки, втората половина од годинава се отвори извозот. Ја имаат и ја очекуваат поддршката од државата, се надеваат на подобра 2021 година, ама и на соработката со странските инвеститори.

Како што објасни Сашо Наумоски, директор на прилепската прехранбена индустрија „Витаминка“, извозот со резерва го планираат за догодина, а смета дека е нужна соработката со странските инвеститори.

-Поради пандемијата е неблагодарно да се планира 2021 година. Искрено се надевам дека јануари ќе биде месец на „прекршување“ на пандемијата. Се очекува и вакцината. Плановите, нормално, ги правиме со пораст, како и секоја година. Предвидувавме 10 процентен пораст, но предвидувањата се помалку песимистички, но сепак оптимистички се надеваме на наредната година, рече Наумоски.

Нагласи дека апсолутно е потребна поддршката од државата.

-Ние и досега ја имавме. Ова е  втора година во која учествуваме во поддршката на Агенцијата за  поддршка на извозот. Нагласивме дека е добро и странските инвестиции да се отворат за соработка со нас. Ги чувствуваме како наши компании, ни помагаат за вработените да почувствуваат што значи вистинско европско работење, за редот и дисциплината. Задоволни сме од влезот на странските инвестиции за да падне притисокот и врз нас, македонските компании. Искрено, посакуваме да имаме подобра соработка. Да отворат и да најдат супститут на увозните суровини и репроматеријали и да побараат од нашите, македонски, капацитети, изјави Наумоски.