Пауновски вели не можеле да унапредат инспектори оти не дозволувале од Министерството за јавна администрација


Стојко Пауновски – екс-директорот на Пазарниот инспекторат во емисијата 24 анализа истакна дека како директор правел се да ја заштити институцијата и со тоа ги заштитувал и вработените и државата.

„Со секој план кој го правиме за вработување, до министерството за информатичко општество и до министерствот за политички систем должни сме да дадеме и со барањето на план за вработување, ни побараа да поднесеме и колку лица имаме на трансфер листата. И ваму ни бараат лица за трансфер листа кои не ги задоволуваат критериумите по систематизацијата, а јас не сум ја правел таа систематизација финансирана од УСАИД. Сето тоа требаше и ни го бараа за 2020, бодејќи сметаа дека ќе се смени законот за администрација и она што беше најавувано дека ќе го правиме, дека истите тие лица ќе бидат на трансфер листата“, рече Пауновски.

Пауновски потенцираше дека и денес има инспектори кои се 12 или 15 години помлади кои не може да се унапредат зошто не ни дозволуваат од министерството за информатичко општество, зошто немаат соодветно образование за да биде инспектор. Истакна дека откак се било разгледано, биле спратено писмо, на кое не е одговорено. Рече дека ќе му честита на новиот директор ако успее да најде соодветни места и дека знае што наследил кога дошол на позицијата директор на ДПИ.

Рече дека требало да прима луѓе кои потоа пак би седеле дома и би земале плата. Во врска со препукувањето со премиерто Заев, вели не сакал ова да биде политички сфатено. Го радува фактот дека голем број на луѓе му дале поддршка.