„Патувачки театар Шопаловиќ“ – нова премиера на Битолскиот театар
Ансамблот на НУ Народен театар-Битола е подготвен за изведба на претставата „Патувачки театар Шопаловиќ“ во режија на Љупчо Ѓоргиевски-Бубе.
Претстава заборува за нашата верба во професијата со која се занимаваме и за нашата неисцрпна енергија да го сочуваме театарот како институција, но и театарот во нас, истакна режисерот Ѓоргиевски на прес-конференција во Битола.
– Зошто го избрав овој текст!? Затоа што се занимава со суштината на тоа што значи театар, се занимава со прашањето дали театарот ни е потребен, за границата меѓу театарот и реалниот живот, влијанието на театарот врз реалноста и дали има време или кога е време за театар. Можеби дополнителна провокација за мене беше и фактот дека в година ќе заминам во формална пензија, па да си одговорам на прашањето што сум направил за театарот. Самата претстава заборува за нашата верба во професијата со која се занимаваме и за нашата неисцрпна енергија да го сочуваме театарот како институција но и театарот во нас, истакна Ѓоргиевски.
Во „Патувачки театар Шопаловиќ“ утревечер ќе настапат актерите Петар Мирчевски, Елена Моше, Маја Андоновска Илијевски, Александар Димитровски, Никола Стефанов, Соња Ошавкова, Николче Пројчевски, Живко Борисовски, Катерина Аневска Дранговска и Хари Михајловски.