Патот на пејџерите што експлодираа води од Тајван до Будимпешта

Наводно Израел ги поставил експлозивите во пејџерите на Хезболах. Тие се произведувале во една опскурна команија во Будимпешта според тајвански бренд


Голем дел од повредените имаат тешки оштетувања на лицето

 

Тајванската компанија „Голд Аполо“ во средата соопшти дека го авторизирала својот бренд на пејџерите што експлодираа во Либан и Сирија, но дека друга компанија со седиште во Будимпешта ги произведувала.

Пејџерите што ги користеше милитантната група Хезболах експлодираа речиси истовремено во вторникот во Либан и Сирија, при што загинаа најмалку девет лица, меѓу кои и едно 8-годишно девојче, а беа повредени речиси 3.000 лица. Хезболах и либанската влада го обвинија Израел за, како што изгледаше, софистициран напад од далечина.

Пејџерите AR-924 се произведени од BAC Consulting KFT, со седиште во главниот град на Унгарија, се вели во соопштението објавено во средата од „Голс Аполо“.

„Согласно договорот за соработка, ја овластуваме BAC да ја користи нашата трговска марка за продажба на производи во одредени региони, но дизајнот и производството на производите се исклучиво одговорност на BAC“, се вели во соопштението.

Претседавачот со „Голден Аполо“, Хсу Чинг-куанг, изјави за новинарите во средата дека неговата компанија има договор за лиценцирање со BAC во последните три години, но не обезбеди докази за договорот.

Околу 15,30 часот во вторникот, додека луѓето купуваа намирници, седеа во кафулињата или возеа автомобили и мотоцикли, пејџерите во нивните раце или џебови почнаа да се загреваат, а потоа да експлодираат – оставајќи сцени со крв и панични случајни минувачи.

Се чинеше дека многу од погодените се членови на Хезболах, но не беше веднаш јасно дали членовите кои не се на Хезболах исто така носеа некој од експлодираните пејџери.

Експлозиите главно беа во области каде групата има силно присуство, особено во јужното предградие на Бејрут и во регионот Бека во источен Либан, како и во Дамаск.

Хезболах, кој ја посочи вината на Израел, во изјавата во средата наутро рече дека ќе продолжи со нормалните напади врз Израел „како и во сите минатите денови“ како дел од, како што го опишува како фронт за поддршка на својот сојузник, Хамас и Палестинците во Газа.

Министерот за здравство на Либан, Фирас Абијад, на новинарите за време на турнејата по болниците во средата наутро изјави дека многу од ранетите претрпеле „тешки повреди на очите“, а на други им се ампутирани екстремитети. На новинарите не им беше дозволено да влегуваат во болнички соби или да снимаат пациенти.

Министерот за здравство рече дека ранетите биле распределени меѓу сите болници во областа за да се избегне преоптоварување на ниту една установа и додаде дека Турција, Ирак, Иран, Сирија и Египет понудиле помош во лекувањето на пациентите.

Претходно во средата, ирачки воен авион слета во Бејрут со медицинска опрема, соопштија аеродромските власти. Абијад рече дека авионот превезувал 15 тони лекови и медицинска опрема.

Експертите веруваат дека експлозивен материјал бил ставен во пејџерите пред нивната испорака и употреба во софистицирана инфилтрација во синџирот на снабдување.

Пејџерот AR-924, рекламиран како „солиден“, содржи литиумска батерија што се полни, според спецификациите што некогаш беа објавени на веб-страницата на „Голд Аполо“, пред да биде очигледно симнат во вторникот по саботажата. Може да прима текстови до 100 знаци.

Исто така, се тврди дека батеријата трае 85 дена. Тоа би било клучно во Либан, каде што прекините на електричната енергија се вообичаени по долгогодишен економски колапс. Пејџерите исто така работат на различна безжична мрежа од мобилните телефони, што ги прави поотпорни во итни случаи – една од причините зошто многу болници ширум светот сè уште се потпираат на нив.

Ројтерс и „Њујорк тајмс“ известуваат дека пејџерите на крајот биле подметнати од Израел, цитирајќи либански и американски претставници. Но, како и кога уредите биле модифицирани за да станат смртоносни сè уште е нејасно.

Врската на пејџерите до релативно непознати компании кои ги опфаќаат Азија и Европа сугерира заговор кој се подготвувал со години.

Пред три години, Хсу од „Голд Аполо“ вели дека му пришла една Тајванка, која се претставила само какосамо како „Тереза“, која тврдела дека е локален претставник на унгарската компанија наречена BAC Consulting.

По повеќе од два месеци преговори со Тереза, Хсу се согласи да потпише договор за продажба на пејџерите на „Голд Аполо“ на BAC и дополнително, да дозволи BAC да го користи заштитниот знак на „Голд Аполо“ на неговите сопствени производи.

„Таа неколку пати леташе во Европа за да контактира со [нејзините колеги]“, вели Хсу. Тој вели дека му било кажано и дека BAC има интереси во Источна Африка: „Од почеток до крај, тие никогаш не го спомнаа Либан“.

Годишните извештаи за последните две години, преземени од онлајн порталот за регистрација на бизнис на унгарското Министерство за правда, покажаа дека фирмата е регистрирана во мај 2022 година, а единствениот сопственик на BAC е именуван како Кристиана Баршони-Арцидиаконо. Најновите годишни сметки на компанијата, потпишани во мај оваа година, бележат биланс од нешто повеќе од 320 долари.

Тајванското Министерство за економски прашања соопшти дека од почетокот на 2022 година до август 2024 година, „Голд Аполо“извезол 260.000 комплети пејџери, вклучително и повеќе од 40.000 сетови помеѓу јануари и август оваа година. Министерството соопшти дека пејџерите се извезуваат главно во европските и американските земји и дека нема евиденција за директен извоз на пејџери „Голд Аполо“ во Либан.

За Хезболах, милитантите, исто така, гледаа на пејџерите како средство за избегнување на она што се верува дека е интензивно израелско електронско следење на мрежите на мобилни телефони во Либан. (Според агенциите)