Патот кон Теферич затворен за сообраќај, ќе се санираат оштетени делови

Поради изведување градежни работи на патот кон населеното место Теферич од денеска од 9 часот ќе биде целосно затворен за сообраќај.

На улицата во должина од 200 метри ќе се санираат оштетените делови. Поради ова, во период од еден месец сообраќајот ќе се одвива по ул. „Христо Татарчев“.

Општина Кисела Вода апелира до граѓаните за трпение и разбирање додека траат градежните работи.