Патник во САД убил жена – возач на Убер, па објавил видео на Фејсбук


Патник со нож, ндо смрт избодел жена – возач на Убер – во Њу Орлеанс, а потоа објавил видео на Фесјбук, додека жената умирала, соопшти полицијата. Шерифот Џозеф Лопинто, вели дека жртвата имала 54 години, се вика Јоланда Дилон, а најдена е во возилото со повеќе убодни рани по телото. Жртвата итно е пренесена во болница, но набрзо починала.

Брендон Џејкобс (29), нападот го извршил на паркиралиште, кога таа го оставала пред хотел во 15 часот. Осомничениот изјавил дека едноставно „се разбудил и одлучил дека некого ќе убие“, пренесе Скај њус.

Убиецот мирно отшетал од местото на злосторството

Џејкобс е уапсен неколку часа подоцна и обвиент е за убиство од втор степен. Тој го признал убиството.

„Бил на задното седиште. Ја избодел од грб, излегол од возилото и само опуштено отшетал“, вели шерифот. Додава дека Џејкобс снимил и објави снимка од жртвата на Фејсбук. Таа работела и како финансов аналитичар за полициската управа на Њу Орлеанс.

„Нашиот тим прилично тешко го поднесува ова. Ќе ни недостига. Беше многу тивка, многу скромна. Тивок џин, затоа што многу значеше за овој оддел и тоа ги прогонува нашите вработени“, порача началникот на полицијата Шон Фергусон. Од полицијата објавија дека продолжуваат со детална истрага за да ги потврдат сите околности на случувањето.