Патници од Србија долетале во Атина, туристите вратени, а останатите во карантин


Поголемиот дел од патниците кои пристигнаа во Атина на редовната рута „Ер Србија“ денес се вратени.

Сите патници кои пристигнаа во главниот град на Грција денес на лет од Белград во 13 часот, биле подложени на тестирање и строга контрола откако слетале на атинскиот аеродром.

После тоа, само на граѓаните на Србија кои имаат соодветни дозволи за престој и работа им е дозволено да влезат во Грција, но им било наредено да подлежат на карантин сè додека не пристигнат резултатите. Другите патници се вратени во Србија.

Денес грчката влада ја смени претходно донесената одлука и им забрани  влез до 1 јули.