Патнички воз удрил во стадо овци овци


Патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево–Скопје, вчера по тргнувањето од стојалиште „Сарај“ удрил во стадо овци, при што се усмртени осум овци, нема повредени лица.

МВР денеска информира дека вчера во 07,15 часот било пријавено дека патничкиот воз кој сообраќал на релација Кичево–Скопје, управуван од машиновозачот Л.Р.(55) од Скопје, по тргнување на возот од стојалиште „Сарај“ во правец кон железничка станица „Ѓорче Петров“ на отворена пруга пред влезниот сигнал удрил во стадо овци.

Биле усмртени осум овци, повредени лица и оштетување на возот нема.