Патики „Најк“ со штикли- најнов дизајнерски изум на Анкута Сарка


Англија- Дизајнерката Анкута Сарка се огласи на Инстаграм за да објави ексклузивна соработка со луксузната стоковна куќа Browns со седиште во Лондон. Осум месеци Ancuta набавуваше 100 пара фрлени Nike патики, претварајќи ги во патики  со штикли.

Инспирирана од болидите на Формула 1, палетата на производи вклучува стилови, комбинирани со горниот дел од Nike со елементи од лакирана кожа. Секој пар е единствен со цени кои се движат од 680 американски долари до 769 американски долари.

Капсулата Ancuta Sarca x Browns Nike сега може да се купи преку локациите на Browns со мал избор достапен онлајн.