Пател бара Конгресот да испита како се трошеле американските пари во Украина


Каш Пател, директорот на ФБИ

Директорот на американското Федерално истражно биро (ФБИ) Каш Пател побара од Конгресот да истражи како се користеле парите од помошта испратени во Украина.

– Побарав од Конгресот да испита каде исчезнаа парите. Американскиот народ заслужува одговор, бидејќи тоа се наши пари. Тоа се долари на нашите даночни обврзници, посочи Пател.

Тој, исто така, го критикуваше обемот на американската помош за Украина.

– Не се работи за тоа дека САД праќаат милијарда долари, туку дека испратениот износ до една земја е сто пати поголем од милијарда, наведе Пател.

Тој го доведе во прашање и кредибилитетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски, спомнувајќи го ракетниот инцидент во Полска.

– Зеленски излезе на светската сцена и рече Русија истрела проектил кон Полска, што би било воен чин. Се покажа дека Русија не истрела таква ракета, посочи Пател.