Паспаљ ја напушти болницата по операција на срцето
Легендарниот кошаркар Жарко Паспаљ е отпуштен од болница по операција на срцето.
По аблацијата, хируршката процедура на која беше подложен 57-годишниот Пљевљанец, лекувањето ќе продолжи дома.
Трофејниот репрезентативец и воопшто еден од најпопуларните спортисти на овие простори неодамна беше во Шкотска, во Единбург и токму тогаш за прв пат почувствува непријатност и проблеми со срцето.
Кога по враќањето во Грција симптомите се повториле, „Паља“ контактирал со лекарите и било одлучено интервенцијата на срцето, која дефинитивно била во план, да се изврши порано од планираното, дознава СЕЕбиз.
Во 2001 година, Паспаљ доживеа два срцеви удари со разлика од четири месеци, тогаш му беше вграден пејсмејкер и во редовен контакт со лекарите, кои се грижат за здравјето на освојувачот на седум медали од Олимписките игри, светските и европските првенства.