Партнерката на Борис Џонсон ќе се пресели на Даунинг стрит 10
Џонсон (55) и Симондс (31) денеска планираат да се преселат во резиденцијата на премиерот, изјави портпаролката на Даунинг стрит.
-Премиерот денеска и официјално се сели. Да, неговата партнерка ќе живее со него, изјави таа.
Симондс ќе биде прв невенчан партнер на некој британски премиер, која ќе живее на Даунинг стрит.
Џонсон минатата недела ја наследи Тереза Меј на местото премиер откако победи на внатрепартиските избори кај британските конзервативци.
Британските медиуми неколку недели пред изборите во партијата јавија за викотници меѓу Џонсон и Симондс во нивниот лондонски стан, што имаше опасност да ја засени неговата кампања за нов лидер на партијата.
Симондс е поранешен директор за комуникации во Конзервативната партија.