Партијата на проевропската претседателка Санду води на изборите во Молдавија


Претседателката Маја Санду е цврсто за Европа

Партијата Акција и солидарност (ПАС) на Проевропската претседателка Маја Санду води на парламентарните избори во Романија по половина од преброените гласови.Според првите резултати од парламентарните избори во Парламентот би влегле четири формации: Патриотскиот политички блок, Партијата за акција и солидарност, Партијата за демократија дома и Наша партија. ПАС води со 42,4 отсто од гласовите додека нејзиниот ривал, проруската коалиција Патриотскиот политички блок има 29 отсто.

Ситуацијата во земјата е тензична поради што полицијата ги засили безбедносните мерки во главниот град на Молдавија. Бројот на патроли е значително зголемен, а посебно внимание е посветено на зградата на Парламентот. Може да се видат и многу полицајци во цивил.Претходно, молдавската полиција изјави дека се планираат провокации од страна на саботери.

Молдавците гласаат на клучни парламентарни избори кои ќе утврдат дали земјата од 2,4 милиони луѓе ќе го продолжи својот пат кон Европската Унија или ќе падне под влијание на Москва. Изборите се одржуваат во услови на широко распространети обвинувања за руско мешање. Проевропската претседателка Маја Санду и нејзината владејачка партија Акција и солидарност (ПАС), која моментално има мнозинство во парламентот, се соочуваат со Патриотскиот изборен блок, коалиција од проруски и советско-носталгични партии предводени од поранешниот претседател Игор Додон, кој беше поразен од Санду во 2020 година.