Партиите блиску до договор за отворените листи


Фото: Б. Грданоски

Партиите, според премиерот Зоран Заев, речиси ги усогласиле сите детали околу воведувањето на отворени листи за локалните избори.

„Мислам дека имаме постигнато договор. Министерот за правда Бојан Маричиќ ќе ги каже деталите, затоа што меѓу СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, ДУИ и АА-А има договор за отворени листи. Тоа не е официјализирано затоа што малите политички партии треба да се изјаснат дали се задоволни од договорот, бидејќи тие најмногу го заговараа овој модел“, рече Заев при денешното почнување на работитите за изградба на клучка кај Момин Поток.

Според зборовите на Заев има една преференца, а притоа предлогот е да има праг од најмалку од 3 отсто, што значи кога би биле 16.000 избирачи бројката би била околу 500 на избирачи.

„Тогаш таа преференца ќе го качува кандидатот од подолу кон погоре на листата, а останатиот дел би останал на листата за да може преференцата да биде видлива. Малите политички партии имаат резерва, сакаат да видат дали е тоа правично, бидејќи гласовите им се дисперзирани. Го поздравувам тоа што ВМРО-ДПМНЕ го прифати  предлогот и мислам дека тоа ќе ја унапреди демократијата“, рече Заев.