Парламентарните избори во Шпанија: Премиерот Санчез прогласи победа


Шпанскиот премиер Педро Санчез прогласи победа на неговата Шпанска социјалистичка работничка партија на парламентарните избори.

„Социјалистичката партија победи на изборите и со тоа победи иднината“, изјави доцна синоќа Санчез од седиштето на неговата партија во Мадрид.

Врз основа на 99 проценти од преброените гласови, владејачката Шпанска социјалистичка работничка партија освои 29 отсто од гласовите, но ќе ѝ треба поддршка од други партии за формирање влада.

Повеќе од 75 отсто од 37 милиони гласачи гласаа вчера, што е над просекот од претходните 12 изборни циклуси од обновувањето на демократијата во Шпанија.