Парламентарните избори во Албанија на 25 април 2021 година


Следните парламентарни избори во Албанија ќе се одржат на 25 април 2021 година.

Датумот со указ денеска го одреди претседателот Илир Мета по консултациите што со политичките партии ги одржа пред два дена.

-Согласно Уставот на Република Албанија, Изборниот законик, како и по консултациите со политичките партии за одредување на датумот на избори за Собранието на Албанија,го одредувам 25 април(недела) 2021 годна за ден на спроведување на парламентарните избори. Указот влегува во сила веднаш, стои на објавата на официјалната интернет страница на претседателот.

Во петокот Мета во текот на целиот ден имаше одвоени средби со лидери и претставници на политичките партии околу одредувањето датум за изборите.

Лидерот на Социјалистичката партија и актуелен премиер Еди Рама, на средбата рекол дека неговата партија и сојузниците се подготвени за било кој датум за избори, освен втори мај-Велигден.

За неговиот најголем опонент,лидерот на Демократската партија,Љуљзим Баша значајно е да се спроведат слободни и демократски избори иако додал дека повеќето Албанци

сакаат избори денес, а не утре, бидејќи според него, тие се заморени од пропагандата, неуспесите и измамите на владата.

И Моника Круемади, претседателка на третата по големина партија,опозициското Движење за социјалистичка интеграција, не посочила датум, но била на исто мислење со Рама дека избори на Велигден не треба да има, додавајќи дека избори во земјата требало да има уште пред две годни.

Претставниците на помалите опозициски партии главно го предложиле како можен датум 18 април,освен Рудина Хајдари од парламентарната опозиција која пак збор побарала на 2 мај, додавајќи дека и на други празници избори се одржувале.

Според Уставот Мета имаше можност да избере датум меѓу 15 април и 16 мај .

Последните парламентарните избори во Албанија се одржаа на 26 јуни 2017 година. На овие и на претходните, во 2013 година победата ја однесе левата коалиција, предводена од социјалистите на Рама.