Париз се „пресели“ во Шкотска- „Шанел“ со модна ода на твидот


Франција– Шанел ги одведе гостите од Grand Palais Ephemere, вклучително и Венус Вилијамс, на модно патување со пејсажите и боите на село во Шкотска. На последниот ден од Париската модна недела,  на пистата продефилираа  креации како ода на твидот – истражување на историјата и привлечноста на ткаенината што сега е синоним за парискиот шик.

Сјајните стилови ги евоцираа боите на вистинската река Твид која тече на исток преку граничниот регион во Шкотска и северна Англија, река по која раскошниот материјал го доби името и стана инспирација за основачот на куќата- Габриел „Коко“ Шанел.

Дизајнерката Вирџин Вард , која го замени Карл Лагерфелд по неговата смрт во 2019 година, го продолжи своето креативно патување низ животот и инспирациите на основачот на куќата. Во претходните сезони, тоа вклучуваше колекција посветена на сиропиталиштето во кое порасна Шанел.

Во вторникот, тоа беше поглавје што ги следи подоцнежните години на модната икона, кога таа живееше и престојуваше во Шкотска, и „собираше папрати и букети цвеќе за да ги инспирира локалните занаетчии за тоновите што ги сакаше“.

Препознатливите костуми, завитканите волнени стилови доаѓаа во пригушени тонови на розево, бургунди розово вои виолетови нијанси. Тие беа густи, како нијансите во природата, благодарение на уникатното ткаење на материјалот, кој е рапав по својата текстура. Гостите седеа на тапацирани седишта од твид, држејќи ги поканите направени од соодветниот розов материјал.

Шоуто беше и лекција по историја: Шанел живееше во Шкотска кога беше љубовница на војводата од Вестминстер во 1920-тите, а таа ги носеше неговите јакни. 

Венус Вилијамс

Експертите велат дека твидот, помалку светкавиот братучед на тартанот, всушност го добил своето име случајно во 19 век, кога еден лондонски трговец погрешно го прочитал името на волата „tweel“ со името на реката Твид во Шкотска.

Така, реката го даде своето име на ткаенината – во 1826 година во Хавик – но тоа беше само по грешка. Материјалот потекнува од Шкотска и Ирска и – многу далеку од Модната писта во Париз – најчесто го носеле фармерите . Сега е синоним на урбан шик во секојдневието, и на луксуз- на модните писти во Париз и во Лондон. (АП)