Париз од 1 септември го укинува изнајмувањето на електрични тротинети
Париз– Оваа недела Париз ќе стане еден од ретките градови во Европа со целосна забрана за изнајмени електрични тротинети, пишува CNN.
Досега, три компании со лиценца за управување со електрични тротинети во француската престолнина – Lime, Dot и Tier – потврдија дека ќе ги отстранат до 1 септември.
Трите компании имаа комбинирана флота од приближно 15.000 електрични тртинети во градот.
Референдумот одржан во април им даде на парижаните два избора за изнајмување тротинети: да или не. Резултатите од гласањето покажуваат дека 90 отсто од гласовите биле против. Од друга страна, градовите ширум светот дебатираат дали ваквите возила, кои се отклучуваат преку апликација и се плаќаат по минута, се опасна јавна непријатност или дел од иднината на урбаната мобилност.
Компаниите потенцираат дека нема да има промени во правилата за користење на приватни електрични тротинети.
ТРотинетите за изнајмување сè уште се присутни во други француски градови, вклучувајќи ги Марсеј и Лион, а многу градови воведоа ограничувања , како што се ограничувања на брзината и дозволените места за возење, како и паркинг зони со казни за корисниците.
Во Европа, Мадрид ја поништи претходната забрана оваа година и им дозволи на компаниите за изнајмување да се вратат под нови услови, како и Копенхаген во 2021 година. Компаниите Lime, Dot и Tier најавуваат дека сега ќе го пренасочат својот фокус на зголемување на опсегот на електрични велосипеди во Париз, откако ќе ги преселат своите трицикли на друго место.
„Париските возачи веќе се свртуваат кон нашата растечка флота на електрични велосипеди“, рече портпаролот на Лајм. Тој додава дека компанијата сега има двојно повеќе електрични велосипеди отколку што имала електрични скутери и дека се охрабрени од континуираната поддршка на градот за велосипедизмот пред Олимпијадата 2024. Флотата на тротинети на Лајм во Париз била околу 5.000, во споредба со околу 10.000 велосипеди, а од компанијата најавуваат дека патувањата со свои велосипеди во главниот град лани се зголемиле за 73 отсто.
„Дот“ вели дека ги испраќа своите скутери на места каде што се потпишани новите тендери, вклучително и Бордо и низ Белгија, а портпаролот на компанијата истакнува дека ја зголемува својата флота на електрични велосипеди, кои се надеваат дека ќе се прошири во предградијата на Париз. Олимписките игри, кои треба да се одржат, ќе започнат во јули следната година.
Намалувањето на застојот на автомобилите и правењето на градот целосно достапен за велосипеди беа некои од клучните приоритети на градоначалничката на Париз, Ан Идалго, која во 2022 година објави планови за забрана на повеќето автомобили од неколку централни области, со пристап само за пешаци, велосипеди, јавен превоз и одредени дозволени автомобили.