Париз и Марсеј прогласени за ризични зони од Ковид-19

Париз и Марсеј се прогласени за зони на ризик од новиот коронавирус, откако властите регистрирале нагло зголемување на инфекциите, соопшти денеска директорот на француската здравствена служба, Жером Соломон.  Владата денеска издаде декрет со кој на властите им се дозволува да воведат построги мерки на подрачјето на Париз и Марсеј.

Тој предупреди дека „ситуацијата во земјата се влошува од недела во недела“.

Саломон изјави дека кластерите на вирусот се појавуваат секој ден по семејни собири, големи забави и други собири за време на летните одмори.

Националната здравствена агенција вчера регистрираше 2.669 нови заразени, со што стапката на инфекција во Франција на100.000 лица е над 30