Париз ги откажа новогодишните прослави


Париз го откажа новогодишниот огномет и другите настани на Елисејските полиња, во согласност со новите владини мерки за спречување на ширењето на Омикрон варијантата на коронавирус, објави телевизијата БФМ.

Францускиот премиер Жан Катекс во петокот ја соопшти одлуката за забрана на големи јавни настани и огномет за новогодишната ноќ и им препорача на жителите, дури и ако се вакцинирани, да направат тест за Ковид-19 пред новогодишните забави.

Катекс денеска изјави дека Омикрон се шири со молскавична брзина и дека најверојатно ќе стане доминантен во Франција до почетокот на следната година.

Франција имаше 58.128 новозаразени  во петокот, како и 162 смртни случаи.