Парискиот маратон откажан поради пандемијата на коронавирус


Франција– Организаторите на парискиот маратон решија да не го одржат натпреварот оваа година заради пандемијата на коронавирус.

Натпреварувањето првично требаше да се одржи на 5 април, потоа беше одложено за 18 октомври, следуваше нов термин – 15 ноември.

– Се обидовме сè да го одржиме настанот, но бевме принудени да го откажеме парискиот маратон во 2020 година во договор со властите во Париз. Соочени со невозможноста многу од учесниците, особено од странски држави, да пристигнат на 14-15 ноември, решивме да го одложиме маратонот за 2021 година во порелаксирана атмосфера, се вели на веб-страницата на маратонот.

Тркачите регистрирани оваа година се автоматски регистрирани и за следната. Во спротивно, секој пријавен, може да си ги врати средствата во текот на 18 месеци.