„Пари“: На кого пензијата му порасна за 4.000 денари, а кој доби само 700 денари со септемвриското покачување


Се отвори битката за гласот на пензионерите (Фото: Б. Грданоски)

Просечната пензија во септември со покачувањето се зголемила за 1,139 денари, односно од 16,376 денари колку што изнесуваше во август на 17,515 денари. Зголемувањето се должи на законските измени со кои од септември пензиите пораснаа за 6,8 проценти. Сепак, кој најмногу го почувствува бенефитот од зголемувањето на пензиите?

 

Највиските пензии добија најмногу, а најниските најмалку

Највисоката пензија во државава со септемвриското покачување сега изнесува 64,392 денари. Во август пред зголемувањето на пензиите таа изнесувала 60,294 денари. Тоа пак значи дека корисниците на оваа пензија, а ги има 72-ца во земјава (69 се по основ старосна пензија, 3-ца е семејна пензија) во септември добиле зголемување од 4,098 денари.

Вкупно 215 пензионери со покачувањето на пензиите сега примаат пензии над 60,000 денари. Највисоката како што наведовме погоре е 64,392 денари, следуваат 63,732 денари (овие пензионери добиле покачување од 4,058 денари, а ги има 66) и 60,432 денари која ја примаат 77 пензионери.

Со зголемувањето на пензиите се поместила и границата кај максималните пензии. Во август максималните пензии почнувале од 41,724 денари до 60,294 денари. Од септември најниската од максималните пензии изнесувала 44,561 денар до 64,394 денари. Во септември бројот на пензионери кои примаат максимална пензија изнесувал 1,379.

 

Зголемување кај максималните пензии 

 

*во денари

 

АВГУСТ 

СЕПТЕМВРИ

ЗГОЛЕМУВАЊЕ

41,724 

44,561

2,837

43,465

46,421

2,956

44,778

47,823

3,045

54,156

57,839

3,683

54,289

57,981

3,692

54,623 

58,337 

3,714

55,685

59,472

3,787

56,582 

60,430

3,848

59,674 

63,732

4,058

60,294

 64,394

4,098

 

Најниската пензија се зголемила за 700 денари 

Колку добија, пак, најсиромашните пензионери чии пензии се вбројуваат во групата минимални пензии? Најниската пензија, според статистиката на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување во август месец пред зголемувањето била 10,276 денари. Во септември примателите на оваа пензија на сметка добиле 10,975 денари или зголемувањето изнесува 699 денари. Во земјава бројот на овие пензионери со најниска пензија изнесува 2,921.

Највисоката пензија во групата на минимални пензии во август била 13,172 денари, а во септември пораснала на 14,068 денари што пак е зголемување за 896 денари. Колку се офајдиле останатите?

Бројот на пензионери со минимални пензии во септември месец изнесувал 82,595 или секој четврти пензионер во земјава зема минимална пензија.

 

Зголемување кај минималните пензии 

*во денари

 

АВГУСТ 

 

СЕПТЕМВРИ

 

ЗГОЛЕМУВАЊЕ

10,276

10,975 

699

10,791 

11,525

734

10,874

11,613

739

11,417 

12,193

776

11,469 

12,249

780

12,042 

12,861

 819

12,576 

13,431

 855

12,911 

13,789

878

13,172

14,068

896

 

Со септемвриската пензија околу 330 илјади пензионери во државата добија повисоки пензии за 6.8%, согласно новата методологија воведена со последните измени во Законот за пензиското и инвалидското осигурување, кои стапија на сила во март 2022 година.

Новата Методологија предвидува усогласување на пензиите со комбиниран модел од 50% пораст на просечната плата на сите вработени во државата и 50% пораст на трошоци на живот, согласно официјалните податоци на Државниот завод за статистика.

Усогласувањето ќе се врши два пати во годината, односно во март и септември, што значи ќе ги следи промените во двата индекси за усогласување.

Во септември месец се зголемил и бројот на пензионери во државата. Статистиката регистрирала 333,322 пензионери во септември месец, за разлика од август кога во државата се изброени 330,640 пензионери. Во септември месец имало 2,609 нови пензионери, а починале 1,132.

Целата анализа е достапна на следниот линк: https://pari.com.mk/analiza-na-kogo-penzijata-mu-porasna-za-4000-denari-a-koj-dobi-samo-700/