Ниту глас, ниту става: Лоба откри зошто е магнет за мажите


Ја гледаме на сцена или на писта, ни се смее од билборди или градски автобуси, на козметички и модни каталози. Како дама, невеста, модна икона.. Споделува фотографии на социјалните мрежи, има многу следбеници на Инстаграм. Сите сакаат да дознаат за нејзините дружби и патувања. Нејзиниот приватен живот интригира и поради статусот сингл и ја прави уште попожелна за машката популација.

Викторија Лоба (31) е нежна русокоса со ангелска убавина, Русинка со македонско државјанство, која освен што е фотогенична, покажа дека има и глас и чувство за модерен звук кој го слушаме цело лето благодарејќи на првиот студиски албум „Нов свет“, и тоа во две изданија – македонска и англиска верзија. Дип-хаус музиката на Марга Сол и на Роберт Билбилов е воодушевувачка и нè носи на плажите на Санторини каде што се снимени дел од спотовите за песните.

Сега, поп-ѕвездата откри зошто е привлечна за мажите и за брендовите. Тајната се крие во мирисот „Магнетиста“, единствен на светот за кој научно е докажано дека има моќ да ја зголеми привлечноста на жените кај мажите.

Шведската козметичка компанија Орифлеим, синоќа, во Скопје, пред новинарската елита, со шампањско и коктели, го промовираше уникатниот мирис , чие заштитно лице е Лоба.

“Mагнетиста” како што кажува и неговото име, има ефект како на магнет, збогатувајќи ја жената со невидливо моќно оружје, кое и овозможува да ја контролира и успешно заврши играта на заведување. Со својот неодолив и модерен мирис оваа парфимирана тоалетна вода е наменета за сите современи и урбани жени кои сакаат да бидат свои, посебни и атрактивни, изјави Викторија.

Парфемот со живи и кадифени ноти добиени од цветот на страста Пасифлора, е со неодолив и привлечен мирис кој поседува вибрантна енергија на заведување, како најсензуалното танго на светот.

-Го создадоа двете најпознати и светски најреномирани професионални парфимерки Емили Коперман и Алиенор Масене, кои успеаја да создадат есенција со магична моќ на привлекување, изјави синоќа на промоцијата, Катaрина Штерјовска, директор на Орифлеим за Македонија. (Л.С.)